Рајс во Москва
15 мај 2007Реклама
Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот државен секретар Кондолиза Рајс на разговорите во Москва се согласиле дека е потребно намалување на тонот во односите меѓу двете земји. Руските агенции, повикувајќи се на изјава на шефот на дипломатијата Сергеј Лаврвов пренесуваат дека двете страни се договориле дека е потребно да се фокусираат на конкретни прашања. Пред посетата Рајс изрази загриженост околу развојот на демократијата во Русија и го критикуваше зголемувањето на моќта во Кремљ. Руското раководство му префрла на Вашингтон дека со планираниот ракетен штит во Источна Европа им наштетува на руските инетереси.