Расте тензијата во Бејрут
4 декември 2006Либанската армија се распоредува во деловите на градот каде што живеат сунити, бидејќи низ нив поминуваат шиитските демонстранти на пат кон центарот на Бејрут каде веќе четврти ден продолжуваат антивладините демонстрации. Зголемувањето на армиското присуство е поради загинувањето на еден демонстрант, припадник на шиитите. Во инцидентот, покрај еден загинат, се јавува и за дванаесет повредени лица. Во земјата растат стравувањата дека политичките демонстрации може да прераснат во религиозно насилство. Опозицијата предводена од радикалниот Хамас кој е и организатор на протестите вели дека инцидентот нема да ги оттргне од крајната цел која е пад на владата на премиерот Синиора. Но, не попупшта и Синиора, кој има огромна подршка од западните земји. Шефот на владата во Бејрут изјави
” Ние не сме под опсада. Тие седат таму, тоа е нивно право на изразување и го почитуваме. Во исто време има многу Либанци, повеќе од овие овде, кои имаат поинакво мислење. Мораме да дадеме се од себе за да го решиме проблемот” рече Синиора.