1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Разговори Меркел - Груевски

Силвера Падори5 април 2006

Престојните избори и патот на Македонија кон ЕУ и НАТО беа во фокусот на разговорите меѓу канцеларката Ангела Меркел и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски

https://p.dw.com/p/Ac7b
Какви шанси има ВМРО-ДПМНЕ да дојде на власт- се интересираше шефицата на ЦДУ и канцеларка Ангела Меркел
Какви шанси има ВМРО-ДПМНЕ да дојде на власт- се интересираше шефицата на ЦДУ и канцеларка Ангела МеркелФотографија: AP

Што не им појде од рака во последниве 4 месеци на македонскиот премиер и шефицата на дипломатија, му успеа на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Тој денес попладне во Берлин, во просториите на ЦДУ во Бундеастагот се сретне и да разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел, која засега е само негова колешката по партиска функција - претседател на Христијанско демократската унија. Средбата со Меркел која се чуваше во најголема конспиративност до нејзиното завршување, како што изјави Никола Груевски за македонската програма на Радио Дојче Веле, беше главната цел и топ ексклузивитет на дводневната посета која за првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ ја организираше фондацијата Конрад Аденауер на сестринската партија ЦДУ, при што тој подвлече:

“Разговаравме за две групи прашања: партиски и државнички.Околу партиските прашања Меркел се интересираше за престојните избори, можностите на ВМРО-ДПМНЕ за победа, програмата...Таа ни посака среќа и поддшка, пред се на план на прием на ВМРО-ДПМНЕ во Европските народни партии, процес кој треба успешно да заврши во наредниве неколку месеци, зашто целата процедура е веќе завршена и останува уште одлуката за прием .’’

Теми кои не беа заобиколени на разговорот Груевски-Меркел беше и патот на Македонија кон Европската Унија и НАТО. Груевски ги презентирал и идните планови доколку изборите бидат во корист на ВМРО-ДПМНЕ: брзи реформи пред се оние кои се бараат од ЕУ а се поврзани со судскиот систем, со економијата, борбата против корупцијата и криминалот, изразувајќи ја надежта дека ќе има фер и демократски избори кои ќе бидат добар сигнал за Европската унија. Тој едновремено изразил и очекување дека Македонија и натаму ќе ја има поддршката од Меркел и од Германија.

Според него канценларката Меркел кажала дека помогнала Македонија да го добие статусот кандидат за членство, а земјата и натаму ке ја има германската поддршка како за почетокот и текот на преговорите за членство во ЕУ, така и околу вклучувањето во НАТО. На Груевски му престојат и разговори во германското МНР, а секако една од главноте теми и таму се престојните избори. Го прашуваме како ги оценува шансите за победа на ВМРО-ДПМНЕ?

„Прашање е дали ќе имаме 61 пратеник или ќе бидат помалку па ќе мора да правиме коалиција.Мислам дека победата е повеќе од сигурна. Дознав пред малку дека најновите истражувања на ИРИ покажуваат убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ. Ако имаме 61 пратеник, ќе имаме многу покомотна позиција, ќе може полесно да се формира влада и помалку да бидеме уценувани и доведувани во ситуација да правиме компромиси кои можеби би било подобро доколку не ги правиме. - е убеден Груевски кој пак околу шпекулациите за коалицирањето со новата партија на Тито Петковски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ има принципиолена позиција и дека по изборите, доколку се прави коалиција, ќе се прави со партија која би ја прифатила програма и визијата на партијата во кој правец треба да оди Македонија во наредните 4 години, што се треба да се направи... „Ако тука се најдеме, можеме да разговара дека има основа за можна коалиција“ појасни Груевски.