Пјонгјанг ги блокираше преговорите во Пекинг
21 март 2007Реклама
Северна Кореја ги блокираше преговорите околу ставањето крај на нејзината програма за атомско оружје што се одвиваат во Пекинг. Објаснувањето е дека севернокорејската делегација и натаму чека на уплатата од 25 милиони американски долари на банкарските сметки во Макао . Според објаснувањето на американското министерство за финансии трансакцијата зависи од разговорите меѓу Северна Кореја и Макао. САД во понеделникот одобрија ослободување на севернокорејските финансиски сретства блокирани во 2005-та под соомневање за перење пари.