Продолжува израелската акција во Газа
26 мај 2007Реклама
Најмалку четири припадници на палестински Хамас денеска загинаа, а дваесетина се ранети кога израелската војска го гранатирала нивното седиште во појасот Газа. Претходно израелската армија го уапси палестинскиот министер, Каба, а според агенциите упаднала и во кабинетот на премиерот Ханија. Палестинците одговориле со пет ракетни напади врз израелска територија. Израелската војска десет дена спроведува акција во појасот Газа. Абу Обеида, портпарол на военото крило на Хамас изјави дека примирје со Израел не доаѓа в предвид се додека е во тек ваква агресија.