Продолжуваат протестите на опозицијата во Грузија
2 ноември 2007Реклама
Во Грузија продолжуваат протестите против претседателот на земјата, Михаил Сакашвили. Неколку илјади демонстранти собрани пред парламентот во главниот град Тбилиси, бараат предвремени парламентарни и претседателски избори, напролет 2008-ма година. Голем дел од грузиското население е незадоволен поради тоа што не се остварија надежите за подобар живот по т.н. револуција на розите во 2003 година. Престедателот Сакашвили води про-западна политика. И покрај економскиот полет, сиромаштијата во земјата не е значително намалена.