Продолжен мандатот на Косово
27 мај 2004Сите фракции подвлекоа дека по немирите од март останува неопходна заштитата од КФОР во барањето политичко решение. Министерот за одбрана Петер Штрук:
"Косово како што покажаа настаните од март, е далеку од стабилност што би можело самото да ја обезбеди. Затоа е неизбежна натамошна воена поддршка во напорите за мир и општествена нормализација. Никој нема интерес Косово да биде почетна точка на организираниот криминал и на регионалната дестаблизација“, изјави Штрук.
Во мартовските немири загинаа 19 лица, а 30 српски цркви беа уништени. Од сите говорници во Бундестагот тоа беше оценето како тежок удар за посакуваната цел: демократски и правни стандарди на Косово. Штрук уште еднаш го бранеше однесувањето на германските војници во КФОР за време на нападите на албанските националисти врз Србите. Експретот за одбрана од ЦДУ Кристијан Шмит изјави дека на Косово владе кревок мир. Тој го критикуваше УНМИК кој сака прво да постигне стандарди како безбедност и заштита на човековите права, пред да биде решен конечниот статуас на Косово. Мораме да спречиме тоа да се претвори во ќорсокак. Унијата побара од владата стратегија како на Косово да се подобри развојот на политички, економски и социјален план. Либералите пак предложија Косово да се претвори во подрачје на одговорност на Европската унија. Инаку, мисијата формално е неограничена и се остварува врз основа на резолуциите на Обединетите нации и НАТО. Во моментов на Косово се наоѓаат 3 илјади и 880 германски војници .