1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Приштина влегува во фокусот на аферата со визи

10 април 2005

Криминални активности во доделувањето визи, по урнекот на Киев имало и во германското биро за издавање визи во Приштина – неделниците Шпигел и Фокус, повикувајќи се на писмо од 2004 година пишуваат дека германското министерство за внатрешни работи се жалело до министерството за надворешни работи поради недоволно информации за овој проблем.

https://p.dw.com/p/AcGE
Фотографија: AP

Во писмото што на шести декември 2004 година до министерството за надворешни работи го испратил државниот секретар во министерствот за внатрешни работи, Луц Дивел, тој се жали поради тоа што министерството не било информирано околу криминалние активности во бирото за издавање визи во Приштина. Претходно, инспекторите на министерството за надворешнир аботи информирале дека не се работи само за одделни случаи на корупција. Освен тоа, Фокус пишува и дека министерството за внатрешни работи интерно изразило загриженост поради можно издавање визи на осомничени лица за тероризам. Министерството за надворешни работи ги отфрла обвинувањата дека ги прикрило несоодветните активности на своите службеници во Приштина. Портпаролот на министерството, Валтер Линднер ги отфрла извештаите на весниците како апсурдни и погрешни. “Тоа е уште еден пример за селективно цитирање“, рече тој нагласувајќи дека министерството во тесна соработка со властите за внатрешни работи веднаш пристапило кон истрага за случувањата во Приштина и презело веднаш организаторски и персонални мерки.

Министерството за внатрешни работи не сака да коментира.

Спорното издавање визи треба да биде предмет на комисијата во Бундестагот задолжена за овој случај наредната недела. Министерот за надворешни работи, Јошка Фишер, треба да даде изјава како сведок пред комисијата на 25 април. Министерот за внатрешни работи, Ото Шили, во улога на сведок ќе се појави на почетокот на јули.