1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прва акција на “торнадата” во Авганистан

15 април 2007
https://p.dw.com/p/AgDc

Два германски борбени авиона од типот “торнадо” денеска го извршија првиот извидувачки лет над Авганистан. Акцијата помина без проблеми. Во базата во Мазар и Шариф на северот на земјата се стационирани шест “торнада” опремени со специјални камери. Тие треба да им дадат подршка на трупите на НАТО во борбата против талибанските бунтовници, кои оперираат пред се’ на југот на Авганистан.