1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Празни авиони, празни ресторани

СН/дв
11 март 2020

Бројни авиокомпании ги откажаа своите летови за Италија, поради кризата со коронавирусот. Но, и без тоа, многу луѓе поради страв од вирусот решаваат да не патуваат или воопшто да не букираат патувања. Штетите за секторот ќе бидат огромни- на преку 60 милијарди евра се проценуваат загубите за 2020 година.

https://p.dw.com/p/3ZDSF

Во Италија силно се погодени малопродажбата и гастрономијата, како и транспортниот и туристичкиот сектор. Италијанската трговска комора очекува загуби од 37 милијарди евра ако кризата потрае до јуни.

И за Германија се очекува рецесија. А подобро не е ни ширум светот.

Експертите на Обединетите Нации имено сметаат на забавување на растот на светската економија во оваа 2020 година до под 2 проценти, и сето тоа да предизвика загуби поголеми од 1 билион евра.