Почнува филмскиот фестивал во Венеција
29 август 2007Реклама
Вечерва во Венеција свечено ќе биде отворен шеесет и четвртиот филмски фестивал. Во главната конкуренција за престижниот златен лав до осми септември ќе се натпреваруваат 22 филма. Добитник на овогодинешниот златен лав за животно дело е американскиот режисер Тим Бартон.