Потврден нападот врз германски конвој во Кабул
31 август 2007Реклама
Во самоубиствен напад што се случи денеска на аеродромот во Кабул врз два германски воени камиони, загина најмалку еден авганистански војник, а повеќемина се повредени. Според германската армија, повредени се и еден германски војник и четворица белгиски. Очевидци тврдат дека атентаторот влетал со неговото возило полно со експлозив директно во двата германски камиони додека тие го напуштале аеродромот. Возачите успеале да забрзаат и го избегнале возилото со експлозив, кое потоа удрило во група авганистански војници.