Потврден нападот во Сомалија
10 јануари 2007Реклама
Американските воздушни сили на југот од Сомалија атакуваа наводни скривалишта на Ал Каеда. Притоа, според информациите на соработниците на тајните служби, биле убиени десет лица, меѓу нив, наводно и организаторот на нападите на Ал Каеда врз американската амбасада во 1998 година.
Портпаролот на Белата куќа Тони Сноу, вчера потврди:
„Можам да потврдам дека е извршена воена операција во Сомалија. За деталите ве упатуваме на министерството за одбрана„.
Инаку, по победата на преодната влада со поддршка на етиопските трупи, борците на исламистичките милиции се повлекоа во јужниот пограничен дел кон Кенија.