1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Полициска акција во Кондово

Александар Чомовски2 март 2006

Во акција на македонската полиција за приведување на извршители на тешки кривични дела во селото Кондово изутрината загина едно лице, а едно е повредено. Министерството за внатрешни работи тврди дека ситуацијата е под контрола.

https://p.dw.com/p/Adew

По еден загинат повреден и приведен, тоа е епилогот на полициската акција изведена во четири часот утринава во скопската населба Кондово. Специјалците се обиделе да уапсат лица осомничени за тероризам. Убиен е Ервен Џафери, по кого е издадена потерница поради фрлена кашикара во октомври во Скопје, и повредени полицајци. Против него имало обвиненија за дури 170 кривични дела. Бил ликвидиран од полициските специјалци откако се обидел да употреби огнено оружје. Повреденено е уште едно лице македонски државјанин, кој имал терористичко досије. Приведениот трет албански државјанин бил вклучен во бомбашки напади во тетовско.

„Веројатно има некоја реакција од мештаните. Она што е важно и што сакаме да го истакнеме е дека ова е акција, насочена кон изолирана група, сторители на тешки кривични дела. И луѓето во Кондово и граѓаните на Република Македонија ќе сфатат дека оваа активност е насочена исклучиво кон сторители на кривични дела без оглед на етничка или друга некоја припадност.“ соопшти Горан Павловски од кабинетот на министерот за внатрешни работи.

Селото Кондово е познато по случајот Красниќи, чија вооружена група го држеше населението изолирано од Скопје пред и за време на локалните избори во 2004 – 2005 година и предизивка безбедносна криза во чија разврска мораа да се вклучат и лидерите на ДУИ и ДПА Ахмети и Џафери.

Во Кондово денеска е релативно мирно, но новинарските екипи беа спречени да влезат во него овој пат од невооружени млади луѓе од селото.