1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Погубен и вториот атентатор од Минск

18 март 2012

Белоруската национална телевизија јави дека и вториот осуденик на смрт, поради терористичкиот напад во метрото во Минск во април 2011 година, Дмитриј Коновалов е погубен.

https://p.dw.com/p/14MP4
Дмитриј Коновалов и Владислав КовалјовФотографија: Reuters

Егѕекутирани се двајцата фабрички работници Дмитриј Коновалов и Владислав Ковалјов, кои во ноември беа осудени на смртна казна во Белорусија, поради минатогодишниот терористички напад во метрото во Минск, во кој загинаа 15 лица, а ранети беа над 200.

Најнапред во текот на вчерашниот ден беше погубен Ковалјов, а подоцна вечерта и Коновалов.

Белорусија е последната држава во Европа која ја користи смртната казна и нема официјални статистики колку често тоа се прави. Земјата се’ повеќе е изолирана од Западот.

Специјалната претставничка на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон во петокот апелираше до Минск да не се извршува смртната пресуда за Ковалјов и Конвалов.

Инаку Коновалов ја призна вината за нападот на метро станицата во Минск на 11 април минатата година, како и за уште еден терористички напад од 2008, додека Ковалјов го негираше учеството во нападот во метрото, тврдејќи дека неговото претходно признание дадено во истрагата било изнудено.

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко не ги помилува.

Автор:СН/АМ/миа/ртр

Редактор:А. Методијев