1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Повреден полскиот амбасадор во Ирак

3 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BmGm

Во експлозија на бомба во Багдад полесно е повреден полскиот амбасадор во Ирак, Едвард Петржук. Министерството за надворешни работи во Варшава соопшти дека дипломатот веднаш по нападот бил префрлен во американска воена болница во Багдад. Во нападот врз конвојот возила со кои се движела полската делегација загинал еден цивил, а повредени се уште четири лица. Полска во Ирак е присутна со 900 војници.