Повеќе настрадани во урната зграда во Мумбаи
19 јули 2007Реклама
22 лица загинаа а уште најмалку толкав број се смета дека се заробени во остатоците од една станбена зграда која утринава се урна во градот Мумбаи во Индија. Спасувачките екипи со булдожери го расчистуваат теренот во обид да ги зивлечат настраданите. Локалните власти сметаат дека веројатна причина за несреќата е грешка во неодамнешниот процес на реновирање на седумкатниот објект.