Палестински самит во Мека
7 февруари 2007На средбата со делегацијата на владеачкиот Хамаз Кралот Абдула побара уште еднаш окончување на конфликтот меѓу Палестинците. Со борбите меѓу ривалските движења и‘ се нанесува непроценлива штета на палестинската кауза, нагласи Абдула. Кралот на Саудиска Арабија им порача на гостите и дека неговото Кралство е подготвено да им пружи на “палестинските браќа“ помош од секаков вид за да се постигне согласност за надминување на конфликтот и за создавање влада на национално единство. Шефот на Хамаз, Калед Машаал на средбата изјави дека неговата организација има намера да постигне спогодба со Фатах. Од дипломатски извори се дознава дека позициите на двете движења се доближиле уште спроти одржувањето на средбата. Владеачкиот Хамаз најавил готовност да прифати независен министер за внатрешни работи во новата влада на национално единство, како и да ги почитува потпишаните мировни договори со Израел.
Ова е последна шанса за Палестинците, во спротивно е програмирана граѓанска војна, смета Сулејман Абу Дајех, експерт на германската фондација Фридрих Науман во Ерусалим.
“Очекувањата на палестинското население се многу високи, иако многумина веќе не им веруваат на лидерите оти се во состојба да постигнат согласност и да најдат заедничка позиција. Но, двете страни се соочени со простиот избор: или ќе најдат решенија за многуте отворени прашања или ги оќчекува граѓанска војна!“