Осуда на нападот во Египет
2 јануари 2011Во самоубиствениот напад, веднаш по почетокот на Новата година, атентаторот со себе во смрт однесе 21 човек и рани речиси 80. Според министерството за внатрешни работи во Каиро, нападот се случил пред една црква, каде биле собрани околу илјада верници на новогодишна богослужба.
Египетскиот претседател Хосни Мубарак смета дека зад нападот стојат странски терористи:
„Ќе им порачам на терористите кои планираат вакви напади против нас, дека ние ја добивме битката против тероризмот и во 90-те години. Оние кои мислат дека ќе поминат неказнето, се лажат.“
Американскиот претседател Барак Обама и ополномоштеникот на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон остро го осудија нападот. И папата Бенедикт Шеснаесетти во својата неделна молитва го осуди нападот врз коптските христијани во Египет.
Автор: ЖА/ЕМФ/дв
Редактор: Жана Ацеска