Нови судири во Шри Ланка
30 март 2007Реклама
Осум лица загинаа, а 18 се ранети во напад на бунтовничките Тамилски тигри на истокот на Шри Ланка. Ова е последен во низата напади кои зачестија во оваа недела. Армијата на Шри Ланка го опколи ова подрачје во кое се кријат бунтовниците за да го прекине снабдувањето со храна и да ги спречи да го напуштат реонот. Конфликтот меѓу власта и Тамилските тигри трае со децении, а во него загинале околу 70 000 луѓе.