1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нови насилства во Авганистан, НАТО останува

20 октомври 2006

Насилствата во Авганистан се зголемуваат. Франција најави повлекување на трупите од земјата. Генералниот секретар на НАТО Шефер е категоричен, остануваме во Авганистан додека не ја оствариме поставената цел.

https://p.dw.com/p/AdwJ
НАТО генерали во Авганистан
НАТО генерали во АвганистанФотографија: AP

Во нападот врз НАТО трупите во Авганистан вчера загинаа две деца, еден британски војник, а десетмина се повредени. Напаѓачот бил поставен во близина на британската единица во градот Лашкар Гах. Тоа е главен град на провинцијата Хелманда, која се смета за упориште на Талибанците. Во друг напад во источната провинција Кност е убиен еден полицаец, кога бомбаш самоубиец се втурнал во полициски автомобил. Уште петмина полицајци се повредени во нападот. По последните случувања Франција размислува за повлекување на 200 војници кои се дел од мисијата во Авганистан. Министерот за одбрана Мишел Алио Мари изјави дека сега кога целосната контрола во земјата ја има НАТО, ситуацијата е сосема поинаква, поради што тие сакаат да ја преиспитаат потребата од понатамошен ангажман на нивните војници во земјата. Во нападите од последниве недели во нападите во Авганистан загинаа повеќе француски војници. За разлика од Франција, генералниот секретар на Алијансата, Јаап де Хоп Шефер е категоричен, и покрај нападите НАТО останува да ја исполни поставената цел – демократизација на Авганистан:

„Можам да ја одбранам оваа мисија и ќе ја бранам се до крај, бидејќи таа допира до сржта на НАТО, до сржта на слободните западни демократии, поради што одбраната на мисијата значи и одбрана на нашите основни вредности. Ние ќе успееме,“рече Шефер.