Нови напади во Ирак
29 април 2007Реклама
Во ирачкиот град Кербала, според информациите на властите, во експлозија на автомобил бомба, загинале најмалку 55 лица, додека околу 160 се ранети. Детонацијата се случила во пазарен кварт во близина на џамијата Имам Хусеин, која се смета за најголемата светост на Шиитите. Најголемиот број жртви присуствувале на ноќна молитва.