1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нови македонски војници во Ирак

24 мај 2004

Македонската влада донесе одлука да испрати уште едн вод од 31 војник во анти- терористичката коалиција во Ирак.

https://p.dw.com/p/AcNQ
ИСАФ во Авганистан/предавање на командата
ИСАФ во Авганистан/предавање на командатаФотографија: AP

Претходно министрите за надворешни работи на Албанија и Хрватска се договорија и за заедничка медицинска екипа која би била подготвена и испратена во Авганистан .

Македонија во својата евро - атлантска ориентација исто така работи 0и на усогласување на стандардите со НАТО . Тоа е и целта на официјалните средби рече македонскиот министер за одбрана Владо Бучковски по денешната средба со американскиот помишник секретар за одбрана за Евроазија Џејмс Мекдутал.Модернизацијата на македонската одбрана и нивото на компатибилност на АРМ треба да ја доближи Македонија до крајната цел –членство во НАТО, а на тој пат Македонија прави добри чекори рече гостинот Мекдутал.