Нови земјотреси во Суматра
13 септември 2007Реклама
Еден ден по тешкиот земјотрес во Индонезија во кој загинаа најмалку девет лица, земјата е погодена од повеќе нови потреси со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала. Погоден е исто така и островот Суматра. Од теренот се јавува за голем број на урнати објекти. Властите прогласија опасност од цунами за целиот регион, која во меѓувреме е повлечен. Овој регион во 2004 година беше погоден од цунами бранови кои ги предизвика потрес со јачина од 8,4 степени во кој загинаа илјадници луѓе.