Нови жртви при напад во Ирак
9 мај 2007Реклама
При бомбашки напад во автономниот курдски регион на северот на Ирак според првите извештаи убиени се 12 лица, а 40 се повредени. Експлозивот сокриен во камион експлодирал пред министерството за внатрешни работи во главниот град на провинцијата, Ербил, соопштии полицијата. Досега курдскиот регион во Ирак беше релативно мирен.