Нови жртви при напад во Ирак
9 мај 2007Реклама
При самоубиствен бомбашки напад во автономниот курдски регион на северот на Ирак убиени се 19 лица, а околу 80 се повредени. Експлозивот сокриен во камион експлодирал пред министерството за внатрешни работи во главниот град на провинцијата, Ербил, соопшти полицијата. Досега курдскиот регион во Ирак беше релативно мирен. – Во Багдад американскиот вице претседател Дик Чејни пристигна на разговори со ирачкиот премиер Нури ел Малики и претседателот Џалал Талабани. Посетата од безбедносни причини не беше најавена.