1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нови жртви во напади во Ирак

12 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/Bf3y

Најмалку шест припадници на ирачките сили за безбедност загинаа во напади на екстремистите во северниот дел на Ирак. Полицијата соопшти дека непознати сторители извршиле напад врз полициски пункт во Ал Гајра, 50 километри јужно од Багдад. Во нападот загинале петмина полицајци. Агенциите јавуваат и за убиство на армиски офицер во Мосул, кој заедно со својот татко бил застрелан во неговиот дом.