Нова афера во Атина - претседателот на парламентот под истрага
25 септември 2012Претседателот на грчкиот парламент Евангелос Меимаракис привремено ја замрзна својата функција поради обвинувања за корупција. Тој најави дека ќе именува заменици кои за време на отсуството ќе ја извршуваат работата и делумно ќе го претставуваат додека да биде готов извештајот од истрагата.
Атинскиот весник „Риел њус“ го обвинува политичарот на конзервативната партија Нова демократија на премиерот Андонис Самарас за перење пари. Според весникот, Меимаракис, екс-министерот за одбрана, во периодот од 2005-та до 2008-ма година заедно со двајца поранешни министри од владејачката Нова демократија, испрал повеќе милијарди евра нелегални пари со купување недбижен имот. Во зделките учествувале и други грчки политичари. Осомничените поранешни министри ги отфрлија обвинувањата.
Грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас минатата недела соопшти дека службите вршат испитување на зделките и даночните пријави на 32 политичари, општествени претставници и високи државни службеници. На Грција и во странство често и‘ се префрлува за висока корупција во земјата.