Неповикан гостин во кулата Трамп
11 август 2016Полициските службеници на њујоршката полиција го отстранија мажот кој се искачуваше на зградата преку прозор на 21 кат. Со тоа го сопреа неговиот три часовен обид да се искачи на кулата Трамп.
Мажот облечен во куси пантолони, црна маица и ранец со помош на уред за вакум, утрото почна да се искачува по стаклената фасада на кулата Трамп.
„Испративме единици да откријат што всушност се случува“, изјави портпаролот на њујоршката полиција за новинската агеницја АФП
Полицијата затвори неколку улици во близина на зградата, која се наоѓа во срцето на Менхетен. Конечно, полициските службеници го опколија мажот и преку прозорците на 21 кат успеаја да го сопрат неговото искачување. Кулата Трамп е дом на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп и неговото семејство кои за време на инцидентот го придружуваа на неговата изборна кампања во Северна Каролина.