1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ненадејна посета на Путин во Волгоград

АТ/ ртр/ дпа/ афп1 јануари 2014

По двата крвави терористички напади во Волгогоград, претседателот на Русија Владимир Путин допатува во ненадејна посета на градот на југот на Русија.

https://p.dw.com/p/1AjxC
Фотографија: Reuters

Рускиот претседател Владимир Путин допатува во Волгоград на разговори со локалните власти околу тоа - како би можело најефиканско да се води борбата против тероризмот, најави претседателот по неговото пристигнување. Тој уште еднаш нагласи дека нема оправдување за „одвратните злосторства“.

Путин повторно се закани со „уништување“

Шефот на Кремљ ја потврди неговата изјава за борба против иницијаторите на нападите. Путин во неговиот новогодишен говор најави дека ќе води жестока борба против терористите сѐ до нивно „целосно уништување“.

На местото, каде еден атентатор-самоубиец во понеделникот (30.12.13) крена во воздух тролејбус, Путин положи букет црвени рози. Претседателот остана да стои повеќе минути за да разговара со жителите и да гледа во свеќите кои гореа. Потоа Путин во болницата посети некои од тешко повредените.

Russland Putin besucht Wolgograd CLOSE
Претседателот Путин во посета на повредените во нападите во ВолгоградФотографија: Reuters

Најмалку 34 жртви и повеќе од 70 повредени

Во двата бомбашки напади, во тролејбусот и на главната железничка станица во Волгоград, во неделата и во понеделникот (29/30.12) загинаа најмалку 34 лица, а 72 се повредени. Атентатите во рок од 24 часа предизвикаа загриженост за ЗОИ, кои за пет недели треба да бидат отворени во руското одморалиште Сочи.

Исламистите во конфликтниот регион северен Кавказ се заканија дека ќе ги торпердираат натпреварите. Зимските олимписки игри се сметаат за престижен проект на Путин. Волгоград, кој во 1961 година се викаше Сталинград, е оддалечен 700 километри од Сочи. Досега никој не ја презема одговорноста за нападите.