Невреме во Германија
22 јули 2007Реклама
Ноќеска јужните делови на Германија беа зафатени од силно невреме со град и силни дождови. Една жена го загуби животот, најмалку 20 лица се повредени. На повеќе места е дадена узбуна за катастрофа. Забележани се случаи за еден час да наврне до 80 литри дожд на квадратен метар.