Национална жалост во Франција
27 април 2006Тој е без сомнение најомилениот Французин во моментов. И најскапиот фудбалер на сите времиња. Огромниот портрет на Зизу како што од милост го нарекуваат Французите сеуште покрива дел од стадионото Стад де Франс во Париз . Но Зидан кој трипати беше прогласен за најдобар играч во светот , како што најави на француската телевизија не сака повеќе да игра фудбал :
„ Сакам само да кажам дека по Мундијалот ќе се откажам од играњето фудбал“
Со неполни 34 години , тој е преморен , неговото тело не може повеќе – ги објасни Зидан главните причини за оваа одлука . Тој како што кажа не би можел да игра фудбал уште една година,значи до крајот на 2007-ма кога му истекува професионалниот договор со Реал од Мадрид.
Реакциите во неговата татковина се многубројни: вознемиреност , тага , разбирање –речиси никој во Франција не остана рамнодушен на одлуката на Зидан:
„Тој е месија , бог на фудбалот“- вели Томас.
И Даниел кој работи во еден киоск за весници на Шанзелизе гледа тажно во насловната страница на фудбалскиот весник Екип:
„Штета , дека повеќе нема да можеме да го гледаме како игра. Уметник како него е тешко да се заборави. Тој напиша историја , браво
Зидан , син на алжирски доселеник , израсна во предградието на Марсеј , Банлиу . Во овој проблематичен кварт тој сеуште е покровител на еден фудбалски клуб за млади и останува ѕвезда- вели Сала , кој го раководи клубот :
„Тој секогаш се грижеше за својот кварт и го подржуваше. Во меѓувреме , овде има многу други работи освен фудбалот , социјален живот , театар за млади. Но Зидан останува наш идол“
Инаку Зинедин Зидан веќе еднаш најави дека се повлекува од репрезентативниот фудбал . Беше тоа во август 2004-та година . Но сега тој е повторно со триколорите , да помогне тие повторно да блескаат :
„Се надевам дека ќе постигне нешто на Светското првенство , и повторно ќе ни приреди задоволство“
„ Се надевам дека ќе стане светски шампион- Тоа би бил извонреден крај на кариерата“