Натамошни апсења во Бурма
14 октомври 2007Реклама
Воената хунта во Бурма продолжува со апсења. Според наводи од претставници на опозицијата, уапсени биле четворица истакнати дисиденти кои ја предводеле побуната против воената влада во 1988-ма година. Се проценува дека по брутално задушените септемвриски демонстрации досега се уапсени околу 2 илјади лица.
Хунтата организира сопствени демонстрации со учество на околу 50 илајди луѓе на еден стадион во главниот град Рнагун во знак на солидарност со воениот режим, а против будистичките калуѓери кои ги предводеа септемвриските мирни протести.