Насилство во Газа
17 мај 2007Реклама
И покрај најавеното ново примирје, во појасот Газа продолжуваат меѓу-палестинските судири. Синоќа во борбите загинаа најмалку пет лица, со што само во текот на вчерашниот ден во судирите меѓу ривалските Фатах и Хамас организации, вкупниот број жртви достигна 19. Со оглед на ваквиот развој, палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска треба да се сретне со премиерот Исмаил Ханија. Европската унија и САД предупредија пред растечката анархија во палестинските подрачја и побараа прекин на непријателствата.