1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Насилството во појасот Газа продолжува

14 јануари 2005

Шестмина Израелци загинаа во нападот на двајца палестински бомбаши самоубијци на еден од главните премини на границата меѓу појасот Газа и Израел.

https://p.dw.com/p/AcIB
Фотографија: AP

Нападот се случил непосредно пред полноќ по локално време а милитантите успеале да се доближат до тешко обезбедуваниот граничен пункт и да се разнесат себеси во моментот кога станале сомнителни.

Израелската армија соопшти дека покрај двајцата бомбаши самоубијци , нејзините војници убиле уште тројца палестински милитанти во вооружената пресметка која избила по активирањето на бомбите.

Сите шастмина загинати Израелци во нападот кај преминот Карни се цивили-соопшти армијата .

Уште најмалку 15 лица биле повредени во овој напад.

Три палестински милитантни групи ја презедоа одговорноста за овој напад , меѓу нив и бригадите Ал Акса вооруженото крило на движењето Фатах на новиот паалестински претседател Махмуд Абас. И радикалите од хамас и Народниот комитет на отпорот признаа дека учествувале во нападот .

Веднаш по овој инцидент израелски хеликоптери бомбардираа една зграда во јужниот дел на појасот газа која и припаѓа на милитантната група Исламски Џихад.

Овој напад преставува тежок удар за палестинскиот претседател Абас кој веднаш по изборот на почетокот на неделава повика на запирање на насилствата , со цел да се овозможи продолжување на преговорите за постигнување мир меѓу Израел и палестинците.

Во своите соопштенија во кои ја преезедоа одговорноста за нападот трите палестински милитантни групи најавија продолжување на насилствата.