Насилствата во Сомалија продолжуваат
21 април 2007Реклама
И покрај апелот на генералниот секретар на ОН , Бан Ки Мун за запирање на насилството , борбите во Сомалија продолжуваат . Исламистичките бунтовници и етопските трупи кои ги подржуваат сомалиските владини сили и денеска водат жестоки вооружени судири. Претходно генералниот секретар на Он порача дека ривалските групи треба да продолжат со разговорите и да му стават крај на 16 годишното насилство на Рогото на Африка.
Советот за безбедност на ОН инаку одобри испраќање на мировни трупи на Африканската Унија во Сомалија кои би требало да бројат 8 илјади војници. Досега во главниот град Могадишу пристигнаа само два помали батаљона од Уганда.