Народна кујна во Велес
1 јуни 2006Родна Јанчова, директор на Центарот за социјална работа појаснува дека најголем дел, 90% од корисниците се од категоријата која прима постојана парична помош, а избрани се според следните критериуми: “Прво тоа треба да бидат постари лица, кои што се корисници на постојана парична помош, лица кои што немаат доволно средства за егзистенција и не се во состојба да си обезбедат храна, претежно лица кои се без семејна грижа и немаат блиски роднини кои се по закон должни да ги издржуваат.“
Но, тука има и лица од други категории: “Во тој список се внесени и други семејства за кои Центарот сметаше дека им е неопхдоно потребна ваква помош за да можат да опстанат. Тука се неколку самохрани родители, потоа корисник на социјална помош, не на постојана помош, но сепак на социјална, а тоа е семејство кое е во исклучително тешка состојба , поради тоа што има членови кои се со ментална ретардација, физички инвалидитет и слично “, вели Јанчова.
За неподвижните и изнемоштените лица, храната ќе може да ја подигнува и друго лице – новен старател или близок роднина.
Вера Ристова има 69 години, живее сама и е немоќна да се прехрани. Таа вели: “Ова е кучешки живот. Немам ниту пензија, ни ништо. Немам ни шпорет, ни струја, ништо. “
Ката Арсова, самохрана мајка на 45 годишна возраст, инвалид во количка со 12 годишне син, кажува:
“Вака сум уште од дете, од 6 месеци. Така се борев со животот. Сигурно дека кујната е некое олеснување со оглед на парите што ги земаме. Тие пари не стигнуваат – дали за струја, дали за вода, дали за детето за на училиште, да му купиш книги и нешто да се облече. “
Иницијаторот на народната кујна, градоначалникот Аце Коцевски, за овој хуманитарен проект вели: “Мене во овој момент ми е најважно овој проект да го направиме одржлив, да имаме сигурна гаранција од државата, од Министерството за труд и социјална политика дека проектот ќе се реализира континуирано и во наредните години за да им помогнеме на граѓаните на Велес на кои им е најнеопходна помош за да добијат барем еден квалитетен оброк во текот на денот.“