Михаел Шумахер во иднина ќе биде заменик-директор на Ферари
30 октомври 2006�билскиот производител Ферари.
Новостите ги соопшти шефот на фирмата Лука де Монтеземоло. „Ние сакаме да го искористиме неговото големо знаење за спортските, техничките и стратегиските решенија“ – рече 60-годишниот Тод за идната улога на Михаел Шумахер. Самиот Шумахер за германската телевизија АРД изјави дека неговата идна улога не е докрај дефинирана, но тој останува надлежен и за возачкиот подмладок на Ферари. Досегашната улога на Тод во формула еден ја презема Стефано Доменикали, технички директор ќе биде Марио Алмондо, а Рос Браун се повлекува на една година во приватен живот - но не е исклучено негово подоцнежно враќање во некоја друга улога. Алдо Коста останува главен дизајнер. Ферари со подмладен тим и со Кими Рајконен како наследник на Михаел Шумахер - наводно од него и предложен, сака да земе нов залет во „кралската класа“ на автомобилскиот спорт.