Мирна,но тензична ситуацијата во Росток
4 јуни 2007Реклама
По насилните демонстрации од викендот, во градот Росток безбедносната ситуација пред самитот на Г8 останува тензична. Во градот се заострени контролите, а енормно е зголемен бројот на полицајци кои ќе се обидат да спречат избивање на нови насилства. Политичарите од сите партии во Германија денеска ги критикуваа насилните протести во кои беа повредени над 1000 лица. Полицијата соопшти дека по инцидентите се уапсени 128 лица.