Милошоски во Вашингтон на средба со Рајс
9 јули 2007Реклама
Очекуваната покана за прием на Македонија во НАТО е централна тема на денешните разговори меѓу македонскиот министер за надворешни Антонио Милошоски и шефицата на американската дипломатија Кондолиза Рајс во Вашингтон. Милошоски кој до среда е во работна посета на САД, како што соопшти неговиот кабинет, ќе има средби и со советникот за национална одбрана Стивен Хедли, заменик министерот за одбрана Гордон Енгланд и со повеќе сенатори и конгресмени.