1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Милијардер – независен кандидат за руски претседател

19 јануари 2012

Кој може да му биде сериозен противкандидат на Путин? Има шест недели до претседателските избори во Русија, а неговиот противкандидат е милијардер-Михаил Прохоров.

https://p.dw.com/p/13lkb
Рускиот милијардер Михаил Прохоров со два милиона потписи се регистрира како независен кандидат на претседателските избори во РусијаФотографија: dapd

Првата кутија полна со потписи Михаил Прохоров ја донесе сам. Два милиона поддржувачи му требаат на милијардерот за да се регистрира како независен кандидат. Неговите шанси за победа се мали, но тоа се чини не го вознемирува Прохоров.

„Мораме да веруваме во себе и во Русија, која е модерна и убава земја. Во центарот на мојата програма е народот и власта да работи за народот“, изјави претседателскиот кандидат Михаил Прохоров.

Wladimir Putin Regierungschef Russland
Путин во изборната кампања бара широк дијалог за иднината на земјата, но не ги прифаќа забелешките на опозицијатаФотографија: picture-alliance/dpa

Но, дали тој е вистински ривал на Путин или еден псевдо-кандидат на Кремљ? Додека Русија дискутира за тоа, Путин веќе ја објави изборната кампања. Во неа тој повикува на поширок дијалог за иднината на земјата, но во неа не се согласува со барањата на либералната опозиција. Таа подготвува нови протести против Путин.

„Ние го поддржуваме секој кандидат кој се гледа себе си како еден вид на привремен претседател. Тој мора да се обврзе дека ќе остане на функцијата само една година за да спроведе слободни и фер претседателски избори“, изјави опозициониот политичар Борис Немцов.

Шест кандидати ќе се натпреваруваат против Владимир Путин, чија популарност со сигурност се намали, но и покрај тоа Путин е фаворит во трката.

Автор: Александра вон Намен / Александар Методијев

Редактор: Ж.Ацеска