1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел пред тежок дијалог во Варшава

16 март 2007

За германско-полските односи повеќе од една години се вели дека се влошени и дека станала затегнати и компликувани. Ова влошување може и попрецизно да се определи, имено се совпаѓа со преземањето на владата во Варшава од страна на коалицијата на конзервативните партии. Канцеларката Ангела Меркел денеска патува за Варшава и на полуостровот Хел, на разговори со полските политичари.

https://p.dw.com/p/AbyV
Ангела Меркел и Јарослав Качински во Берлин
Ангела Меркел и Јарослав Качински во БерлинФотографија: AP

Ангела Меркел посебно нстојува за време на германското претседателство успешно да затвори некои од европските теми. Со таканаречената „Берлинска декларација„ на славеничкиот самит на Унијата, Меркел сака да се упати силен сигнал за иднината на Унијата и да го заживее дијалогот околу европскиот устав. Исто така и забрзување на процесот на нови односи на партнерство меѓу Унијата и Русија. За да го постигне сето тоа ќе треба да ги придобие браќата близнаци Качински кои се до неодамна тврдеа дека уставот е мртов и ги блокираа преговорите со Русија зашто Москва го забрани увозот на месо од Полска. Значи, задачата на Меркел воопшто не е лесна, ако кон тоа се дополни и потребата од поправки во билатералните односи. Освен тоа, Полска се чувствува изолирана во однос на планираниот гасовод од Русија кон Германија преку Балтичкото море, иако во меѓувреме Варшава ја разбра европската димензија, па сега бара соодветна формула како да го прифати проектот без да го загуби образот. Притоа за Полска многу важна улога игра обезбедувањето енергија. Токму на тој план Меркел ветува германска помош:

„Јасно ќе соопштам дека Полска може да смета на солидарност на овој план. Полска понекогаш е за грижена да не остане надвор, додека сите други имаат добри договори за испорака. Се разбира дека тоа е прашање на солидарност во рамките на Европската унија„.

На билатерален план и натаму грижи задава прашањето за изградба на центар против прогоните што полската страна не го прифаќа, додека берлинската коалиција во него гледа јасен сигнал против прогоните. За Полска таквиот центар би бил доказ дека во Германија постои изменет поглед врз историјата и обид во преден план да се истакне улогата на жртва на Германија во војната.