1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел во посета на Буш во Тексас

10 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CA35

Американскиот претседател Џорџ Буш и германската канцеларка Ангела Меркел бараат решенија за заеднички настап по отворените меѓународни прашања. На приватниот ранч на семејството Буш во Тексас двајцата државници во неформална атомосфера разговараат два дена за атомскиот спор со Иран, за Блискиот исток, како и за Косово. Приемот на Ангела Меркел на приватниот ранч на Буш се смета за знак на голема почит и доверба. Станува збор за прва посета на еден германски канцелар на приватниот посед на некој американски претседател во последниве 40 години.