Меркел – Атина
21 јули 2007Реклама
Германската канцеларка, Ангела Меркел, ја критикуваше позицијата на Турција по прашањето на Кипар. За време на посетата на Грција, Меркел изјави дека Турција мора да се држи до договорите со ЕУ за царинска унија со сите нови членки на унијата. Турција досега одбива да ги отвори пристаништата и аеродромите за сообраќај со грчкиот дел на островот.