Македонија се прости од Тоше Проески
17 октомври 2007Можеби поради младоста,сонот и добрината што ги носеше во срцето,едноставноста и скромноста,вредностите и едноставните нешта кои сме ги заборавиле.Илјадници луѓе дојдоа да се простат од него.
Тоше ни покажа дека можеме
Од името на владата,премиерот Никола Груевски:
„Тој ни остави љубов,ни остави верба и надеж.Не прави горди,зашто ни покажа дека Македонија е храбра и достојна.Зашто покажа дека Македонија е рамноправна со сите.Ни помагаше да ја надминеме малодушноста и да го совладаме чувството дека не можеме,дека другите се подобри.Тоше ни покажа дека можеме.Дека треба да веруваме во Македонија,да ја штитиме и чуваме,да ја афирмираме и промовираме со достоинство,да ја сакаме.“
На Господ му требаше ангел и си го побара,напишаа прилепските гимназијалци.
Изгубивме многу
Архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан со зборови на утеха пред се до семејството:
„Добрите луѓе како Тоше се паметат и по подавањето рака секому што дава помош.Возљубени во Господа,само за еден миг го изгубивме прекрасниот Тоше и тоа сега кога најмногу ни требаа неговиот глас и неговата песна.Го изгубивме сега кога ни беа потребни сеуште неговите победи и неговите добрини.Го изгубивме кога најмногу ни требаа луѓе како него.Вчерашното утро уште еднаш потврди дека не само што не знаеме што ќе ни донесе утрешниот ден,како што рекол премудриот Соломон,туку и дека дните на човекот се како тревата,како полскиот свет.“
Се простуваме од најголемиот војвода на песната,продолжи да пееш и моли се на небото за Македонија,рече уште архиепископот.
„Ми беше другар,заедно седевме во иста клупа“,вели Марјан Стојановски
„Навистина немам зборови,изгубивме многу,не само јас,цела Македонија,Балкан,Европа.Еден голем човек,голем пријател“.
И за групата Силви бенд Тоше ќе остане во сеќавање:
„Тоше беше ангел,сите го сакавме и ќе го сакаме,пред се човек со прекрасна душа,од кој што зрачеше љубов.Така ќе го памтиме,а неговиот глас ќе не потсетува на тоа кој беше со нас и колку сме имале среќа да го познаваме“.
Од Тоше се простија и македонскиот претседател Бранко Црвенковски,претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски,пратеници,претставници на дипломатскиот кор,меѓу кои и амбасадорката на САД Џилиен Миловановиќ,евроамбасадорот Ерван Фуере,делегации на АРМ,политички партии.