Македонија очекува соработка со новите грчки власти
18 јуни 2012Во денешното соопштение издадено од македонското министерство за надворешни работи уште се изразува и очекување дека Македонија и Грција како соседи ќе работат со поддршка кон европските интеграции и економската консолидација.
„Република Македонија има витален интерес за закрепнување на економијата во европски и во регионален контекст. Опстојување на реформскиот курс е од особено значење за целиот регион. Посакуваме зголемена предвидливост за иднината и интензивирање на соработката за надминување на тековната криза.
Очекуваме посветено да работиме заедно како соседи со поддршка кон европските интеграции и економската консолидација. Тоа е клучен интерес за граѓаните на двете земји, но и за целиот регион“, се наведува во соопштението од МНР, по одржувањето на предвремените парламентарни избори во неделата во Грција.