Македонија е 84-та според индексот на корупција
26 септември 2007Реклама
Македонија оваа година е рангирана на 84 место според Индексот за перцепција на корупцијата на меѓународната организација Транспаренси интернешнл . На тој начин Македонија за 20 места го подобри пласаманот за разлика од минатата година и е издвоена меѓу земјите со значителен напредок во подобрување на индексот на корупција. Македонија има 3,3 индексни поени на листата на која се рангирани 179 земји и територии во светот . Листата со 9,4 поени или како земји со најмала корупција ја предводат Данска , Финска и Нов Зеланд а на нејзиното дно се Сомалија и Мијанмар со 1,4 индексни поени.