Македонија денеска ќе добие нова Влада
31 мај 2004Македонија денеска треба да добие како што ја нарекуваат медиумите старо-нова Влада.Мандатарот Хари Костов во Собранието го претстави својот кабинет и програмска ориентација . Нема територијална поделба за решавање на етничките прашања , нема брзи и дневни решавања на проблемите туку долгорочно реформирање на економијата и борба со сиромаштијата-истакна Костов во експозето. Излагањето на премиерот Хари Костов го следеше шефот на државата Бранко Црвенковски а по подолго време во Собранието е и лидерот на ДУИ Али Ахмети. Во пратеничките клупи на ВМРО ДПМНЕ , забележливо отсуството на лидерот Никола Груевски и на довчерашниот почесен претседател Љубчо Георгиевски.
Собранието подоцна во денот треба да гласа за подршка на програмата и кабинетот на мандатарот Хари Костов , во кој единствено ново лице е прредложениот министер за внатрешни работи, Сиљан Аврамовски. Костов на чело на новата Влада , застанува по трансферот на Бранко Црвенкоцски на фунцијата претседател.