Македонија го одбележува 11 Октомври
11 октомври 2007Синоќа во Домот на армијата, се оддржа Свечена академија на која химната ја слушаа премиерот и претседателот на парламентот, шефот на државата го немаше.
Сведоците на почетокот на востанието, со гордост се навраќаат на големиот ден. Еден од учесниците е и генерал Тошо Атансоски, кој смета дека е убава прилика и секоја генерација нема таква шанса.
Државни проблеми има - народот е оптимист
66 годишнината од почетокот на борбата за ослободување, Македонија ја дочекува како кандидат за членство во Европската унија. Земја во лоша економска состојба, со бројни внатршно политички проблеми и отворени прашања со соседите. Но македонскиот народ е уверен дека и сега како и во револуционерната 1941ва е на вистинскиот пат.
66 години по големотот востание, Македонија е на крајот на долгиот транзициски тунел, но сеуште далеку од вратите на големото европско семејство.
Борците поддржувачи на вољата на народот
Востанието почна во Прилеп и Куманово на 11октовмври 1941 година. Од денешна дистанца азличните генерации и идеолошки опции имаат поинакви толкувања на периодот по осолободувањето. Премиерот Никола Груевски вчера честитајќи го празникот истакна - Во повоениот развој, како резултат на владеењето на еден систем, кој заврши во музејот на историските илузии, македонското општество мина низ многу искушенија и неправди. Македонија повторно се соочи со еден ретрограден и тоталитарен систем и покрај таквиот развој на настаните ние мораме да ја заштитиме вистината за учесниците во антифашистичката борба. – рече премиерот.
Претседателот на Сојузот на борците Гавро Пановски на нациијата и го честитаа 11 Октомври и истакна дека борците секогаш биле поддржувачи на народната воља.
Прославата продолжува во Прилеп и Куманово
Раскараните политичари создаваат неединство и меѓу народот, на граѓаните им пречи што поради суети трпи државата. За Димитар Стевананџија од Прилеп е несфатливо за националните интереси кои се од круциално значење да има неединство меѓу единките генетски поврзани во еден народ. Професорот Ферид Мухиќ пак смета дека народот сеуште е единствен, иако има и конфронтации.
Прославата на јубилејот денеска продолжува со повеќе манифетсации во Прилеп и во Куманово. Претседателот Бранко Црвенковски заминува во посета на македонските војници во Авганистан.