Македонија го интезивира политичкиот дијалог
23 декември 2007Реклама
НАТО шансите но и притисокот од Грција за вето ги мотивира македонските политичари поефикасно и побрзо да постигнуваат компромис околу реформските зафати.
Премиерот Никола Груевски во понеделник повторно ги свикува шефовите на парламентарните партии за двете најспорни прашања од неговиот мајски договор со лидирот на ДУИ Али Ахмети - законот за албански јазик и специјални права на припадниците на ОНА.
Како што се приближува самитото во Букурешт но и новата рунда во македонско грчките преговори, така двете теми силно се присутни во јавноста во Македонија.